Катастрофа во езерото Мантово - пливаат голем број на мртви риби

Голем помор на риби во езерото Мантово во Општина Конче. Угинати риби кои пливаат во езерото е сликата која ја виделе риболовците од Риболовен клуб Крап од Радовиш. Забележуваат дека ова е една од најголемите еколошким катастрофи во езерото Мантово, пренесе МИА.

- Денес бевме сведоци на една голема еколошка катастрофа која се случува на езерото Мантово. Од страна на наши спортски и рекреативни роболовци во текот на целиот ден добивавме повици дека на езерото Мантово се случува еден невиден досега помор на рибите. Излеговме на терен и ја увидовме состојбата.Ова можеме да кажеме дека е една од најголемата еколошка катастрофа која се има случено на ова наше езеро, на која досега никој немаше реагирано до надлежните институции, овластените лица и правни субјекти, се вели во соопштението на Риболовен клуб Крап од Радовиш.

За поморот на риби во езерото Мантово се известени сите надлежни институции, а според изјавите на риболовците веќе трет ден по езерото има угинати риби.

 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега