ВИДЕО: Тој е од друга планета: Марко го расплака цело жири!

Првата емисија од втората сезона на „Ѕвездичките на Пинк“ експлодираше по настапот на неверојатниот Марко Бошњак кој ја испеа песната „One night only“. Тој успеа жирито и целото студио да ги крене на нозе, но и да ги расплаче. Заслужено доби аплауз кој долго траеше.
 
-Знаеш ли дека ова е единствениот настап кој го расплака целото жири?, го праша Гоца Тржан.
 
Водителката Маријана призна дека се исплашила од малиот Марко бидејќи помислила дека е од друга планета.
 
-Се слуша од каде си, секоја чест. Со ова може натпреварување да заврши, ова е перфектно. Сите елементи на светско пеење ги имаш. Јас немам зборови и не можам да опишам. Само на светско ниво сум слушнал некој сè во една песна да стави, вели Хари Мата Хари.
 
Спектакуларниот настап кој сигурно нема ниту вас да ве остави рамнодушни може да го погледнете во видеото во продолжение.
 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега