Започна реконструкцијата и асфалтирањето на патот од Неготино до селото Криволак

Почна реконструкцијата и асфалтирањето на патот од Неготино до неготинското село Криволак или поконкретно од потегот од Пепелишкиот мост на реката Вардар, до центарот на селото.

- Во рамките на реализацијата на годишната програма за работа на Општина Неготино и врз основа на ветените проекти за спроведување пред граѓаните, започнуваме со реализација на уште еден капитален проект кој е од огромно значење за локалното население, изјави денеска за МИА неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов.

Тој нагласи дека по завршувањето на изградбата на два регионални патни правци од Тимјаник до Дисан во должина од 4,5 километри и од Курија до Паликура од три километри, локалната самоуправа продолжува со проекти за подобрување на патната инфраструктура на подрачјето на Неготино.

- Овој проект добива уште повеќе на тежина ако се знае дека станува збор за еден од најфреквентните патни правци во нашата општина, но и еден од најоштетените, и на кој, за жал, во минатото се случија неколку сообраќајни несреќи кои одзедоа и човечки животи, додаде градоначалникот.

Согласно проектната документација, ќе се реконструираат и асвалтираат три километри од патот кој од Неготино води до селото Криволак, при што постоечкиот патен правец ќе биде проширен и со ширина од 5,5 метри, на неколку места ќе бидат поставени потпорни ѕидови, како и еластична ограда, со што ќе дојде до елиминирање на постоечките проблематични точки на овој патен правец.

- Финансиските средства за комплетна реконструкција на патот Неготино-Криволак во висина од 20 милиони денари се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски со кое Општина Неготино има повеќе од успешна и плодна соработка, што пак резултира со реализација на повеќе инфраструктурни проекти во неготинска општина, рече Апостолов.

Тој нагласи дека по завршувањето на работите, жителите на Криволак и сите оние кои имаат потреба да патуваат по овој патен правец кој меѓу другото води и до армискиот полигон Криволак, ќе добијат модерен и современ пат кој ќе придонесе за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. 

 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега