Сончево време со температури до 37 степени

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со слаб претежно западен ветер и мала локална облачност во планинските региони.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 32 до 38 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

До крајот на неделата ќе се задржи сончево и многу топло време за овој дел од годината. Позначителна промена на времето проследена со засилен ветер, пад на дневната температура и појава на локален дожд се очекува од недела попладне.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Долж Повардарјето се уште ќе се чувствува северниот ветер повремено со умерен интензитет, а дневните температури ќе бидат пониски за околу шест степени од денешниве.

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега