Ѓуриќ: Девет милиони Срби и седум милиони Албанци треба да се смират

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ на Конференцијата „Изградба на српско-албанските односи“ одржана во Косовска Митровица изјавил дека Косово и Србија никогаш не може да се согласат, кога станува збор за прашањето на признавање.

- Девет милиони Срби и седум милиони Албанци треба да најдат начин за помирување, изјави Ѓуриќ.

Тој ова изјавил како против одговор на зборовите на спикерот на косовскиот Парламент Кадри Весели, кој на истата средба изјавил дека заедничката комуникација меѓу Србите и Албанците е единствен пат кон здрави односу меѓу двете земји.

Весели исто така му посочил на Ѓуриќ да се пресели и да живее во Косово.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа