Изгаснат пожарот на потегот помеѓу кумановските села Орашац и Скачковце

Пожарникарите од Куманово по пет часа успеаја да го изгаснат пожарот кој избувна денеска напладне на потегот помеѓу селата Орашац и Скачковце во месноста викана „Бела Вода„ над патот Куманово-Свети Николе, пренесува МИА.

Во гасењето на пожарот учествуваа десетина пожарникари со три противпожарни возила.

 -Според првичните проценки во пожарот беше зафатена површина од над 30 хектари, а гореше нискостеблеста шума и сува трева, изјави командирот на Територијалната противпожарна единица од Куманово, Дејан Илиевски. 

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега