Граѓаните на Куклиш револтирани, бараат оставка од градоначалникот Заев

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев лаже, тврдат граѓаните на Куклиш, кои подвлекуваат дека тој во 2010 година ветил оти ќе изгради нова детска градинка во тоа населено место, но не го одржал ветувањето.

-Еве сме на лице место, нема ништо од ветената градинка на Заев. Ниту Заев ги посети граѓаните на Куклиш ниту ум објасни каде е градинката која јавно ја ветува цели 6 години. Тој во 2010 година вети дека за една година ќе изгради градинка, а еве тој нема ниту почнато. Родителите оф Куклиш продолжуваат со својот проблем за згрижување на своите деца. Оваа лага на Заев е дел од серијата лаги кои тој со години ги упатува кон жителите на Куклиш и цела Струмица, потценувајќи ги, сметајќи дека може да ги лаже граѓаните како што тој сака, вели Бобан Малинов, жител на Куклиш.

Револтираните граѓани му порачаа на Заев наместо соопштенија, да дојде да ги посети и да им објасни зошто населеното место со над 3000 жители и со околу 100 деца од претшколска возраст, е без градинка.

-Ова е само една од лагите на Заев и неговото нечесно работење. Струмица е најмалку интерес на Заев. Општина Струмица работи без градоначалник и затоа Заев треба да се повлече од позицијата градоначалник на Струмица. Струмица заслужува подобро и повеќе, порачаа граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега