Ислушани проблемите на жителите од Љубин и Шишево, решенија се бараат уште на терен

Премиерот Никола Груевски денес оствари средби и со жителите на селата Љубин и Шишево. Тој ги слушна нивните проблеми и барања и веднаш се обиде да најде решение за истите.

Уште на терен беа договорени повеќе конкретни работи. Беше посочен проблемот со катастарското упишување на денационализирани парцели за што веднаш беше договорено директорот на Катастар со стручна екипа уште утре да ги посети мештаните и да најдат решенија за проблемите.

Граѓаните имаа проблем и со автобусот број 32 кој велат дека ретко сообраќа до насленото место Љубин. И за ова веднаш беше договорен состанок за проблемот да биде решен.

На граѓаните им беше ветено и решение за друга нивна молба, а тоа е дека наредната година ќе биде предвидена реконструкција и помош во опремување на училиштето.

vladom

На средбите со жителите на Шишево, премиерот беше запознаен со проблемот со патот во селото за што градоначалникот на Скопје информираше дека уште од утре започнува санација на патот во селото од 2 километри.

Жителите од Матка го информираа премиерот за проблемите со канализацијата при што им беше потенцирано дека доколку општината има проект, ќе се разгледаат можностите за финансирање на истиот.

За таа цел беше договорено на седница на Влада, министерот за транспорт и врски да информира за можностите за дополнителна реализација на вакви проекти.

Граѓаните се пожалија дека општината не го дава за користење тениското игралиште изградено од државата.

Премиерот потенцираше дека игралиштата се градат за граѓаните и побара да се провери од институциите ова со цел да се овозможи граѓаните да го користат истото.

Истовремено, во однос на барањата од жителите за чистење на речното корито беше договорено за 15 дена да дојде механизација и да започне со чистење.

Во однос на жалбите на жителите во врска со нередовното сообраќање на приватните автобуси премиерот побара од надлежните да се разговара со сопствениците на приватните компании за почитување на дефинираниот возен ред.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега