Најтопло во септември во Гевгелија во 2008 година - 39,2 степени

Највисока температура во Македонија во септември во Македонија била измерена во Гевгелија во 2008 година кога живата во термометрите се искачила на 39,2 степени целзиусови.

Според мерењата  на УХМР за периодот од 1951 година, во Скопје во септември најтопло било во 1987 година кога биле измерени 36,9 степени целзиусови.

Поради високите температури што на почетокот на месецов ја зафатија Македонија, надлежните прогласија портокалов метео-аларм и препораки за заштита. 

Температурниот максимум, според синоптичарите, ќе биде во сабота кога се очекуваат максимални 38 степени целзиусови.

Освежување се најавува од понеделник кога максималните температури ќе бидат под 30 степени

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега