МЗТ Скопје доби нов кошаркар

МЗТ Скопје Аеродром потпиша договор со српскиот интернационалец Немања Протиќ со кој што ја засилува плејмејкерската позиција.

Протиќ (182см, 29г) во текот на својата кариера има настапувано за повеќе клубови, а меѓу нив: Борац Чачак, ФМП, Олденбург, Химик, Нижни Новогород, Олин Едирне, Левски  и Будучност.  Минатата сезона Немања Протиќ ја помина во тимот на Металац од Ваљево, за кој што одигра 16 меча во АБА лигата со просек од 7.4 поени и 2.2 асистенции по натпревар, односно 9 натпревари во српскиот шампионат со просек од 9.2 поени и 2.4 асистенции.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега