Неверојатно: Си го удрил автомобилот 334 пати за да добие оштета
Полицијата во Кина уапсила маж кој си го удрил неверојатни 334 пати својот автомобил само за да земе пари од оштета.
Тој на секои три дена во рок од три години Кинезот имал сообраќајна несреќа се со цел да заработи пари.
Од 2010 година до мај годинава, својот автомбоил тој го удрил вкупно 334 пати и секогаш поднесувал барање за отштета, а ги поткупувал и автомеханичарите за да кажат дека штетата е готова.
Овој упорен Кинез заработил 357.000 јуани или 58.000 долари од сообраќајните несреќи.
ФОТО: Кајгана