Пецаковски ново засилување на Металурзите
После шест годни талентираниот Дејан Пецаковски повторно ќе го облече дресот на Металург. Дејан претходно настапуваше пред шест години за тимот од Авто Команда каде го носеше дресот две години. Металург со доаѓањето на Пецаковски продолжува да се засилува со ракометари кои што наредната сезона ќе треба да атакуваат на шампионската титула. Пецаковски потпиша двегодишен договор и како што вели е пресреќен што повторно ќе има можност да ги брани боите на овој клуб.
-Среќен сум што се враќам во Металург и што ќе играм со најдобрите македонски ракометари, Наум Мојсовски, Филип Миркуловски, Дејан Манасков…, потпомогнати од ракометари од светски калибар како Павел Атман и Ренато Вугринец, а предводени од трофејниот тренер Лино Червар, рече Пецаковски.
Покрај Пецаковски, Металург се засили и со пикерот од репрезентацијата Никола Марковски, кој вчера и официјално ја потпиша соработката.
ФОТО: Курир