Високи температури за септември - еве што велат метеоролозите за денес

Во Македонија времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во северните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од 10 до 18, а дневната од 31 до 37 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне 36 степени.

До крајот на неделава продолжува периодот на многу топло време за овој дел од годината, со дневни температури од 31 до 38 степени. Во недела ќе дува умерен, повремено засилен западен ветер, а од попладнето се очекува да настапи позначителна промена на времето со пад на дневната температура и локален дожд.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега