Пожарот на Водно под контрола

 

Пожарот на Водно кај Теферич што избувна попладнево е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување.

Како што изјави командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски, се интервенираше веднаш, со 13 цистерни, а дежурни екипи ќе останат на терен цела ноќ.

- Пожарот зафати голема површина, но се уште не можеме да прецизираме колку точно, рече Менковски.

Во околината на Теферич имаше пожар и на 21 јули годинава. Тогаш  беа зафатени сува трева и грмушки на околу 3.000 метри квадратни

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега