МОН: Распределбата на леглата во студентските домови се одвива максимално транспарентно

Министерството за образование и наука реагира и категорично го демантира изнесеното во прилогот со наслов “Фиктивни студенти им го земаат креветот на реалните“, објавен на интернет порталот Либертас, каде меѓу другото е пренесена и изјава од Членот на Комисијата за образование на СДСМ Митко Костадинов, кој тврди дека на “конкурсот за распределба на леглата во студентските домови, одбиени се студенти кои максимално ги исполнуваат условите, но не биле партиски подобни“.

-Во интерес на вистината, би сакале да информираме дека во 2013 година, за прв пат, по цели 14 години Владата на Република Македонија изготви и усвои нов Закон за студентскиот стандард, кој подоцна беше поддржан и изгласан од сите пратеници во Собранието и кој обезбеди транспарентна распределба на леглата во државните студентски домови и на стипендиите кои ги доделува Министерството за образование и наука, со предност на студентите кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, односно на студентите кои навистина имаат потреба од помош и поддршка од државата, реагираат од МОН.

Во законот, додаваат од МОН, прецизно се објаснети критериумите врз основа на кои се врши распределбата на леглата, како и доделувањето на стипендиите и целиот процес се одвива максимално транспарентно.

-Секој апликант за сместување во студентски дом, доколку е одбиен може да поднесе приговор, на кој, во законските рокови ќе добие соодветен одговор и образложение за причините поради кои е одбиен. Така што, во оваа прилика апелираме до Митко Костадинов кој обвинува за нерегуларности во процесот, да се обрати до Министерството за образование и наука и прецизно, со име и презиме да ги наведе студентите за кои се сомнева дека и покрај тоа што ги исполнуваат условите за сместување, не добиле легло поради “фиктивни“ студенти, а министерството се обврзува да му даде одговор и образложение за причините поради кои е одбиен секој од посочените студенти, стои во реакцијата од Министерството за образование и наука

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега