Шест часа беснееше пожар во Велес

Големиот пожар кој беснее над Велес, на потегот од ридот над Башино село кон езерото „Младост“, е пријавен вчера попладне во 13:50 часот.

И покрај брзата интервенција на Противпожарната единица од Велес со пожарот беше зафатена шума, борчиња, трева...

Поради ветрот кој непрекинато дуваше огнот се шири кон езерото „Младост“, а моментално, како што информираат од Противпожарната единица од терен, пожарникарите се бореа со огнената стихија да не биде зафатена една куќа.

Во гасењето на пожарот се активирани и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

По 6 часа борба со огнените јазици, пожарот е изгаснат пред да зафати станбени објекти.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега