Плусинфо објавува лаги - нема нова анкета на ИРИ

Медиумите финансирани од СОРОС секојдневно објавуваат се поголеми лаги и манипулации. Плусинфо на Бранко Героски денеска повторно ја излажа и изманипулира јавноста.

Порталот на Героски денеска повикувајќи се на fakte.net, напиша дека Маѓународниот републикански институт (ИРИ) објавил нова анкета според која ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ за само 3,3 проценти, што е целосна лага, бидејќи нова анкета нема.

Од ИРИ за КУРИР велат дека последното истражување на јавното мислење во Македонија, е спроведено во периодот од 6 до 15 јуни 2015 година и е објавено на веб страницата на ИРИ. Од тогаш, ИРИ нема спроведено друго истражување во Македонија.

-Нема нова анкета на ИРИ, ниту е спроведена, ниту е објавена. Пративме демант до сите медиуми кои објавија таква вест, вели за КУРИР, Илина Мангова, директор на програмата на ИРИ во Македонија.

Инаку, според последната анкета на ИРИ, ВМРО-ДПМНЕ е со убедлива и огромна предност пред СДСМ и има повеќе од двојна предност. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 23 отсто доверба меѓу граѓаните, наспроти политичкиот опонент СДСМ во кого веруваат само 11 отсто од анкетираните.

Ова не е прв случај соросовиот портал Плусинфо да лаже. И претходно има објавувано вести преку кои манипулираат со читателите и целокупната јавност.

Соросовите медиуми предводени од главниот стратег на СДСМ Бранко Героски за време на трагичните случувањата во Куманово ширеа пропаганда со дезиниформации, лаги и невистини, со цел нарушување на имиџот на полицијата, нејзино деморализирање креирање на тензии меѓу граѓаните.

Плусинфо и Героски лажеа со пишувањата дека е повредено дете во акцијата на специјалците, но по завршувањето на акцијата немаше пријава за било каков повреден цивил. Тврдеа дека во престрелката се застрелани дете и мајка, се испостави дека е уште една голема лага.

Героски тврдеше дека терористите се всушност обични граѓани по тренерки и патики, а се испостави дека не само што најголемиот дел се со униформи на УЧК, туку и дека располагаат со тешко формациско оружје со кое се пукаше врз полицајците.

Плусинфо тврдеше дека има пукање во Арачиново, па потоа во оделна вест дека има и во Тетово, уште една лага со која порталот на СОРОС и СДСМ внесе немир и го наруши спокојот на граѓаните. Тврдеа и превземаа вести за време на акцијата дека има терористичка група во Зајас и дека таа паралелно ке започне акција, од тоа се испостави дека нема ништо точно.

Неколку пати досега Плусинфо шпекулираше со излегување на ДУИ од Владата, но тоа не се оствари. Плусинфо најмалку десеттина пати ја подгреваше еуфоријата на СДСМ дека Владата ќе падне брзо по само три дена од објавувањето на бомбите на Заев. Уште една лага во низата, Владата и понатаму е со убедлива поддршка од граѓаните, пренесе КУРИР.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега