Се жалела на чешање на очите - не знаела дека во трепките и живее нешто страшно

Четиригодишно девојче од Кина, познато под псевдонимот Тонг Тонг заврши во болница затоа што имало вошки на трепките, а ги добило од својата баба.

Девојчето недела дена се жалело на константно чешање и црвенило во очите, а докторите објаснуваат дека вошките ги добило од лоша хигиена. Прво тие мислеле дека станува збор за инфекција, но на самиот раб на окото пронашле ларви од инсекти, односно вошки.

Тие се со должина од околу два милиметри, а се хранат со крв и ако не се лечат можат да предизвикаат опасна инфекција.

Медицинските сестри биле принудени на девојчето и на бабата да им ги отсечат трепките и со микроскопска пинцета да ги извадат вошките, а потоа им дале анти-инфламаторни капки за понатамошно негување.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега