Непознат е идентитетот на мртвите тела во Драчево - обвинителство истражува

Синоќа случаен минувач, од сопственик на лозје , на патот Драчево – с. Количани, кај место викано Локва,  во возило марка „Ровер" со охридски регистарски таблици, биле пронајдени две мртви лица од машки пол.

Лицата кои биле пронајдени на возачкото и совозачкото седиште се со се уште неутврден идентитет. Во возилото, до едно од лицата е пронајдено огнено оружје – пиштол 7.52 ТТ.

Веднаш по дојавата од случајниот минувач, надлежен јавен обвинител излезе на увид на лице место, заедно со екипи од Министерството за внатрешни работи и обдуценти од Институт за судска медицина и криминалистика.

По наредба на јавниот обвинител, телата се дадени на обдукција. Ќе следи и донесување на наредби за вештачења на оружјето, на испуканите проектили, како и на сите пронајдени траги на местото на настанот.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега