ВИДЕО: Уловен сом стар 100 години, а тоа што е пронајдено во него ќе ве шокира!

Полските риболовци Алфонс Брзовски и Марек Жданович уловија во реката Одра сом стар помеѓу 90 и 110 години. Овој капитален примерок бил тежок 185 килограми, но тоа што е посебно интересно е тоа што е пронајдено во утробата на сомот.

Имено, во огромната риба се пронајдени човечки коски и значки кои му припаѓале на нацистички офицер од периодот на Втората светска војна. По шокантното откритие, риболовците повикале полиција, која набрзо покренала истрага за да се открие идентитетот на човекот чиви коски се најдени во рибата.

Полицијата побарала помош од биолозите и форензичарите, кои утврдија дека староста на сомот е помеѓу 90 и 110 години. Меѓутоа, експертите не можеле со сигурност да кажат дали човекот, чии коски се најдени во утробата на рибата умрел на некој друг начин или го усмртил, па го изел сомот.


 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега