Рекордни 3.650 мигранти пристигнаа синоќа со воз од Будимпешта во Виена

Вкупно 3.650 мигранти пристигнаа вчера со воз од Будимпешта во Виена, што е рекордна бројка за еден ден, соопшти австриската полиција. 

- Сега сме во процес на проверка, колку од нив бараат азил, изјави полициски портпарол Патрик Мајерхофер. 

Претходно вчера унгарските власти дозволија на мигранти да заминат со воз за Австрија и Германија. Голем дел од пристигнатите во Виена мигранти ноќта ја минаа на железничка станица, со цел да продолжат за Германија, која минатата недела ги  олесни условите за добивање на бегалски статус за жители на Сирија. 

Синоќа околу 400 мигранти пристигнаа со воз од Будимпешта во Минхен. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, претходно предупреди, дека евентуалниот неуспех да се одговори на мигрантската криза ќе ги стави под прашање идеалите на ЕУ

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега