Задоцниле 28 минути: Пропадна трансферот на Де Хеа во Реал Мадрид

Манчестер Јунајтед и Реал ги договориле сите детали за трансфер на Де Хеа во Мадрид, но според информациите документите не пристигнале на време во седиштето на шпанската Ла Лига.

Наводно документите на Де Хеа пристигнале 28 минути по истекот на преодниот рок, а поради строгите правила, неговиот трансфер пропаднал, објави „Скај Спортс“.

Манчестер се согласил да го продаде голманот за 30 милиони фунти, но сепак од тоа нема да има ништо, барем не засега.

Според информациите овој случај сега ќе го решаваат УЕФА и ФИФА кои во вторник ќе ги прегледаат сите документи и ќе одлучат дали Де Хеа е нов играч на Реал или не.

Манчестер Јунајтед тврди дека навреме ги испратил документите, од Реал велат дека имаат докази дека истите пристигнале пред полноќ, но челните луѓе на Ла Лига не можеле да го отворат форматот во кој биле испратени документите.

Во меѓувреме голманот на Реал Мадрид Кејлор Навас се наоѓа во Манчестер каде ги минал лекарските прегледи, но не е познато дали е регистриран. Преодниот рок во Англија трае до вторник до 18:00 часот.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега