Поетскиот караван на ДПМ во Крушево

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Крушево.

На 10 септември, во Домот на културата во Крушево ќе настапат 30 поети од различни генерации, учесници во проектот за дисперзија на културните настани во земјата.

Во рамките на годинашниот циклус, поетскиот караван на ДПМ гостуваше во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип. Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Демир Хисар и Лазарополе, а настапи и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

До крајот на ноември оваа манифестација ќе продолжи во рамките  на  соработката со библиотеките во Гевгелија, Куманово и Велес, со Домот на културата „Иван Мазов“ во Кавадарци, со литературните манифестации „Караманови средби“ во Радовиш и „Ганеви денови“ во Кожле.

Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ што е составен дел на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега