Времето денеска сончево со мала облачност

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност во планинските региони и со слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во текот на работнава недела продолжува периодот на топло и претежно стабилно и суво време. Зголемена облачност сепак ќе има во среда кон крајот на денот и преку ноќта, повеќе во северните делови од земјата, но во попладневните часови на крајниот запад ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Умерено облачно ќе се  задржи и во четврток преку денот. Поголемо наоблачување повторно ќе настапи за време на викендот, а поголемо освежување на почетокот од следната работна недела. 

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа