Отиде во друга држава да ја запроси - наместо пред матичар заврши во затвор

Босанецот Мустафа К. заминал за Будва да ја запознае жената на својот живот, но наместо на матичар, завршил во затвор.

Мустафа завршил во затвор бидејќи лажно пријавил дека е нападнат, претепан и ограбен. Инспекторите се посомневале во неговата приказна бидејќи изнесол неколку нелогични детали.

„Рече дека го нападнаа, му ги зеле личните документи и 180 евра. Инспекторите покренаа истрага против напаѓачот, но е утврдено дека лажел. Кога е фатен во лага, се бранел дека добил сончаница и дека не се сеќава на ништо. Уапсен е бидејќи лажно пријавил во полиција“, пишуваат црногорските медиуми.

Босанецот на крај признал дека пред неколку денови стигнал во Будва за да ја запроси девојката која ја запозна месец дена претходно на Facebook.

Сепак, кога се видел со „саканата“, работите не му изгледале како на фотографиите кои ги споделувала Будванката.

„Дојде на идеја да пријави кражба и напад кога сфатил дека тоа не е жената со која сака да го помине животот. Рекол дека останал без пари и мислел дека на овој начин ќе ги врати потрошените и ќе може да се врати во Босна“, пишуваат медиумите.

На Босанецот му е одредена мерка притвор од 30 дена.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега