Потресна животна приказна: Беше новинар и манекен, а сега е мигрант

„Никогаш не сонував дека вакво нешто ќе ми се случи мене и на моето семејство, но сепак - нема назад. Сам ќе одам до Норвешка и имам уште доста да поминам!“, рече Ахмед, младо момче од Ирак кое ја сподели неговата животна приказна за српскиот портал Србија Денес.

Ахмед преживеал ужас во својата родна земја. Неговото семејство едвај извлекло жива глава, па една вечер побегнале за Турција, по што одлучиле да продолжат за Европа, поточно за Норвешка.

„Во Ирак веќе не се живееше. Едноставно, нема шанси. Не можете да замислите како е секој ден да слушате - падна бомба овде, онде, екстремисти на сите страни, а бројот на мртви од ден на ден се поголем... Се ни уништија, и моето училиште, па и универзитетот. Еден ден од куќата видовме како терористите од ИД ни го земаат автомобилот, тоа беше знак дека сме навистина загрозени и дека ќе ни ја земат и куќата - што и се случи. Едвај успеавме да побегнеме од нинџите на ИД, и заминавме во Турција“, раскажа Ахмед.

Мигрантот имал големи амбиции, но сите исчезнале со војната, и нема веќе место за нормален живот.

„Бев новинар, добив работа, блескава кариера беше пред мене. Имав и свој бенд, свирев на гитара, а ме интересираше и битбокс. Се пријавив за познатот светско шоу Арабија Има Талент, но војната започна и се се прекина“, додава Ахмед.

„Кога одлучивме да побегнеме, се исчезна. Таму останаа само коски и сеќавања. Дури морав и девојка ми да ја напуштам. Беше тажна“, изјави момчето кое сонува да има колку-толку нормален живот во Норвешка.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега