Тони Михајловски го посети Џамбазов во Слепче

Најпознатиот македонски шоумен, Игор Џамбазов, два месеци по операциите на нозете се опоравува во неговото омилено Слепче. Слепче е изборот на Игор секое лето, а ова лето демирхисарското село е местото каде Игор се рехабилитира. Многумина знаат да прокоментираат за наводно нарушени односи меѓу Игор и неговиот пријател, актерот Тони Михајловски, но, се чини, сѐ е само чаршиски муабет.

Викендов Михајловски заминал во Слепче, во посета на стариот пријател Џамбаз. Фотографиите од посетата на Слепче и на стариот пријателИгор, Тони ги сподели на Фејсбук.

Под фотографиите, познатиот композитор, маестро Александар Џамбазов, татко на шоуменот Игор, искоментира:

Е, колку ли време помина да ги видам на слика двајцата браќа!?

 

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега