Страшно: Момче ќе останеше слепо поради оваа лоша навика

Нејл Думиган има проблеми со видот, поради што носи контактни леќи веќе со години. Меѓутоа, 28-годишното момче една вечер пред спиење заборавило да ги извади, па наредниот ден не можело да издржи од болка.

Нејл чувствувал дека очите му се во пламен, па веднаш отишол на болница каде му е дијагностицијран чир на очните јаболка.

„Отсекогаш бев свесен за опасноста дека треба да ги вадам леќите пред спиење, но не мислев дека ќе биде толку лошо. Посебно треба да се извадат ако сте пиеле алкохол“, објасна Нејли.

Инаку тој се разбудил со болки, па на рожницата забележал црвени пликови и се плашел дека ќе остане слеп.

За среќа докторите му го санирале местото, па Нејл одлучил да направи трајно ласерско отстранување на диоптријата.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега