Осветен камен-темелник за новата црква „Св Јован Крстител“ во Велес

Во организација на Повардарската епархија, а под покровителство на општина Велес денеска во месноста викана Багремче, во кругот на касарната во новиот дел на Велес беше осветен камен-темелник за новата црква  „Свети Јован Крстител“.

На осветувањето присуствуваа поглаварот на МПЦ Охридска Архиепископија господин господин Стефан, митрополитите Повардарски Агатангел, дебарско-кичевски Тимотеј и бројното свештенство, министерот за одбрана Зоран Јолевски, градоначалникот Славчо Чадиев, пратениците Илија Димовски, Ѓорѓи Коџабашиев и Марјан Николовски...

Во своето обраќање до присутните, поглаварот на МПЦ г.г Стефан порача да ги чуваме бројните православнте храмови, изградени низ вековите до денес во нашата Македонија и да ги посетуваме, да градиме и нови, но и да одиме во нив на поклонение, а посебно младите.

- Нашиот народ и во славните времиња на духовна и национална слобода, како и во времињата на ропството и туѓите владеења и кога му било тешко и бил сиромав градел цркви. Највредните икони и фрески се создавани кога можел и бил духовно најбогат, кога бил најцврст во верата и најголем да даде и љубов, порача г.г Стефан.

Митрополитот Повардарски Агатенгел во своето обраќање до присутните упати голема благодарност до актуелниот министер за одбрана Зоран Јолевски и претходните министри за отстапениот простор на касарната за градбата на црквата, како и за дозволата за градба од Советот на општината и градоначалникот.

- Епархијата и општината, заедно со православниот македонски народ ќе ја изградиме оваа црква. Општината ќе го направи иконостасот и новата камбанарија, а Епархијата со народот и бројни донатори - црквата, порача митрополитот Повардарски Агатангел.

Идејното проектно решение за овој православен храм е на архитектите Благој и Славче Здравеви од Штип, а градежните работи ќе ги изведува фирмата „Тргоцемент“ од Велес.

Градоначалникот Славчо Чадиев најави дека црквата „Св Јован Крстител“ ќе биде готова за година или година ипол, кога треба да биде и осветена. 

 

 

Оцени ја веста

30.08.2015 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега