Твитот за Амал Клуни предизвика бес во јавноста

 Американската новинска агенција Асошиејтид прес се најде на удар на критика на јавноста поради неодамнешното објавување на твит во кој Амал Клуни се споменува како „сопруга на Џорџ Клуни“ и покрај завидната кариера, која ја остварила како адвокат за човекови права. 

Официјалниот твит, кој вчера беше објавен на твитер налогот на АП гласи: „Амал Клуни, сопруга на славниот актер, ги застапува новинарите на Ал Џазира, обвинети за поддршка на екстремистите во Египет“.

Секако нејзиниот ангажман во случајот нема никаква врска со фактот дека Амал е омажена за Џорџ Клуни, така што не е чудно што на Твитер наскоро следеше лавина од негативни коментари.

- Еј, АП, освен доколку не почнете да го споменувате Клуни како сопруг на познатата адвокатка, ПРЕСТАНЕТЕ СО ТОА, гласеше еден од твитовите.

- Како можете да очекувате дека луѓето сериозно ќе ве сфатат?, прашува друг корисник. - Каква врска има нејзиниот приватен живот со нејзината работа? Доколку и покрај фактот дека е исклучително реализирана жена и натаму Амал ја претставувате исклучиво како сопруга на еден актер, тоа е исклучително непристојно, се додава во овој твит.

И покрај тоа што јавно не се огласи, агенцијата во следниот твит на истата тема ја отстрани референцата „жена на актерот“ и наместо тоа напиша „адвокат за човекови права“

 

 

Оцени ја веста

30.08.2015 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега