Можен скандал во ЛШ квалификациите: Спорен момент на натпреварот Динамо - Скендербег (Видео)

Екипата на Динамо Загреб пред неколку дена го обезбедија пласманот во групната фаза од ЛШ. каде што во последното квалификациско коло, беа далеку подобри од албанскиот претставник Скендербег, кој на „Максимир“ беше поразен со 4:1, а на тој натпревар има и сомнителен момент, поради кој што е отворена истрага за наводно местење на овој натпревар.

Угледни спортски портали денеска известуваат за тоа дека ФК Скендербег е под истрага од УЕФА поради можно пуштање, односно местење на натпреварот кој во вторник се одигра во Загреб.

Динамо Загреб успеа да победи со 4:1, и токму тој натпревар во Загреб, е сомнителен за пошироката спортска јавност, но и за највисоките фудбалски тела во УЕФА.

Спорен момент на овој натпревар, е постигнувањето на четвртиот гол на Динамо, кога со играч помалку на теренот, Хрватите постигнаа гол, во тие моменти коефициентот за Скендербег да прими гол бил 2.50 а непосредно пред постигнувањето на голот, квотата вртоглаво паднала на 1.20, што бил доволен доказ за да биде покрената истрага за овој натпревар.

Ако се утврди вистина во тоа за што се обвинува, албанскиот претставник би можел да биде во големи проблеми, па дури не е исклучена и дисквалификација во следните неколку години од европската сцена и голема парична казна.

 

 

 

Оцени ја веста

30.08.2015 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега