Саркози поднесе оставка од Уставниот совет на Франција
Поранешниот француски претседател Никола Саркози поднесе оставка од Уставниот совет на Франција, јави МИА.
Оставката на Саркози доаѓа откако Уставниот совет не ги прифати сметките од неговата предизборна кампања во 2012 година.
Саркози автоматски стана член на Уставниот совет како сите живи француски претседатели по истекот на мандатот.