ЕК: Поддршка на ЕУ за Западен Балкан на самитот во Виена

Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, потпретседателот за енергетската унија Марош Шефчовиќ и комесарот за европска политика на соседство и преговори за проширување Јоханес Хан ќе ја претставуваат ЕУ на самитот за Западен Балкан, кој ќе се одржи на 27 август во Виена, соопшти Европската комисија.

Самитот ќе биде продолжение на напредокот постигнат по Берлинскиот самит одржан во август минатата година, а целта е натамошен развој на соработката на шестте земји од Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија во решавање на заедничките предизвици, особено миграцијата, кои ги вклучуваат и регионалната соработка, верскиот дијалог и борбата против екстремизмот.

Самитот ќе биде поделен во три сегменти, паралени состаноци на шефовите на владите, на министрите за надворешни работи и на министрите за економија. 

Шефовите на владите ќе расправаат за моменталната економска ситуација во регионот, за младите и нивното стручно образование и поврзување. На овие средби ќе присуствува Могерини.

Комесарот Хан и министрите за надворешни работи ќе разговараат за актуелните приоритетни прашања во регионалната соработка, како и за моменталните предизвици поврзани со миграцијата.

Потпретседателот за енергетска унија Шефчович и министрите за економија ќе разговараат за економските можност на регионот, енергетската и ообраќајната поврзаност и за стручното образование.

Во пресрет на самитот ЕК денеска обезбеди дополнителни, 1,5 милиони евра за хуманитарна помош за бегалците и мигрантите во Србија и Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега