За една година Владата овозможи над 100 илјади бесплатни билети за воз

Исто така во истиот период, покрај овие бесплатни билети, Владата покри 50% од трошоците за уште дополнителни околу 70 000 билети за учениците и студентите.

Во рамки на проектите за бесплатен викенд за железнички превоз за старите лица (мажи над 64 и жени над 62 секој втор викенд во месецот), бесплатен викенд за железнички превоз за младите до 27 години (секој трет викенд во месецот) и слободен четврток (за студенти со кој се овозможува секој четврток студентите бесплатно да го користат железничкиот сообраќај), од јули 2014 до јули 2015 година се издадени вкупно 108.532 бесплатни билети за патување со воз.

-Фактот што во овој период од една година Владата финансираше над 100.000 бесплатни билети за овие категории на лица и дополнително покри 50% од трошоците за уште дополнителни 70.000 билети говори дека оваа мерка е позитивна и таа е добро прифатена од страна на целните групи, но и корисна за истите. Најчесто користени релации се релациите Битола-Скопје, Велес-Скопје и Прилеп-Скопје, но и останатите железнички релации токму поради позитивните ефекти коишто таа ги нуди и во следниот период таа ќе продолжи. Очекуваме граѓаните да ја ползуваат во иста мера и таа да донесе дополнителна вредност за самите граѓани коишто ќе ја користат, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. 

Од овие 108.532 бесплатни билети што се овозможени за старите лица и за младите и студентите, во овој период 24.299 билети биле издадени на стари лица а 84.233 на млади лица и студенти.

Само во првите седум месеци од оваа година старите лица искористиле 10.160 бесплатни железнички билети, студентите за бесплатен превоз во четврток 23.902, а младите до 27 години во рамки на бесплатниот викенд искористиле 23.244 бесплатни билети.

Дополнително, во рамки на мерката за 50% попуст за учениците и студентите за железничкиот сообраќај, во трет и четврт квартал во 2014 и прв и втор квартал 2015 година, за учениците и студентите се издадени 68.819 билети со 50% попуст, од кои 32.977 се издадени во првите шест месеци оваа година.

Најчесто користени железнички линии се Битола – Скопје, Прилеп – Скопје, и Велес - Скопје

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега