Интензивно се работи на решавање на проблемите на жителите од реканскиот крај

По решавање на проблемите со пасошите и здравственото осигурување на жителите од реканскиот крај, веднаш после посетата на премиерот Груевски, деновиве продолжуваат да се решаваат и останатите посочени проблеми од граѓаните при нивните разговори со премиерот.

Денеска, започна со санација патот за населеното место Новак. Санацијата беше договорена при посетата на премиерот Никола Груевски.

После договореното на разговорите, екипи на „Македонија пат“ се веќе на терен и интензивно работат на санација на овој патен правец, а оваа реакција е поздравена од граѓаните од овие населени места.

Денеска се работи за една санација на главниот пат, регионалниот пат што го поврзува Центар Жупа до Новак. Ќе се изврши санација на оштетените дупки. Ова, велат жителите, се случува откако кај нас престојуваше премиерот кој ја видел состојбата на патот и наложил во разговор со градоначалникот да се изврши санација на дел од патот. Денеска се почнува со активности за крпење ударни дупки на поголема површина од Центар Жупа, поточно од гробиштата према Новак.

И жителите на Косоврасти се задоволни од исполнувањето на она што било ветено на средбите со премиерот. Дадениот збор од премиерот за решавање на проблемот со свлечиштето и карпата во Косоврасти ги натера на реакција надлежните иституции. Владини претставници и професори извршиле увид на местата кои беа посочени од жителите на ова населено место како потенцијално опасни за појава на свлечишта и одрони.

Месното население верува дека ветувањата за решавање на проблемот ќе бидат исполнети. Задоволни се што неколку денови по посетата на премиерот веќе се работи на терен за решавање на проблемот.

На барање на Министерството за транспорт и врски стручни лица се на терен и бараат можностиза решение на состојбите со суводолниците. Тие посочуваат во моментов ја разгледуваат состојбата на една од најголемите која е со активен процес. На самиот терен, посочуваат има изградено две брани кои се заполнети со блокови и со метарски димензии, па еве ние сме дојдени да најдеме решение и да предложиме што треба понатаму да се презема да се реши овој проблем за мештаните од овие села, Горно и Долно Косоврасти.

Додека во Косоврасти се врши увид на теренот на клучката за влез во Жировница веќе беше започнато со поставување на јавно осветлување на овој патен правец. Договореното при посетата на премиерот за осветлување на овој дел од патот, започна да се реализира. Жителите на Жировница изразија благодарност за брзите реакции и решавањето на нивните барања и истакнаа дека со посетите и средбите со премиерот и владините претставници изминативе денови во целиот регион интензивно се работи.

Благодарни сме, велат тие, на ангажманот на кабинетот и премиерот Груевски за оваа нивна брза интервенција и длабоко сме убедени и очекуваме дека овие наши проблеми ќе бидат во поскоро време решени.

За жителите од овој регион брзата реакција на институциите после посетата на премиерот Груевски во овој регион е доказ за посветеноста на Владата за решавање на проблемите на граѓаните и за држење до дадениот збор. 

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега