Македонските хашки предмети да се судат во Шведска

Шведска е единственото место каде што т.н. Хашки предмети може да добијат судска разврска, објавува последниот број на весникот Дневник. Откако беше донесен Законот за автентично толкување и популарно Законот за амнестија, Шведска станува единствената држава која овозможува да им се суди на осомничените за воени злосторства во овие случаи.
Авокатот Јордан Апостолски, кој беше дел и од тимот што го бранеше Јохан Тарчулоски за Дневник вели дека нема простор Хашкиот трибунал да одгоори на барањата на Обединетата македонска дијаспора за враќање на предметите.

 

- Шведска е единствената европска држава во чие национално законодавство постои одредба што ~ дозволува да суди за воени злосторства сторени надвор од нејзината територија и од странски државјани - вели Апостолски за Дневник

најчитано сега