ВИДЕО: Ја избркале од аква парк бидејќи била премногу секси
43 - годишната Маделин Шифер била избркана од аква паркот од страна на полицијата, бидејќи нејзиниот костум за капење бил премногу секси.
Маделин заедно со својата 14-годишна ќерка била во аква парк во Мисури нормално со цел да се освежат од летните температури.
43 -годишната жена го облекла својот костим за капење но пред да влезе во базенот и пришол човек и кажал да се покрие со нешто.
„Тоа е поради моите години и мојот изглед. Вo базенот имаше доста девојки на возраст од 15 до 18 години кои на себе имаа костими за капење кои откриваа исто колку и мојот. Не носев танга“, вели разочараната Маделин.