Одлучил да го шета светот без пари - за три години станал милионер
Џон Ворд успеа на патување на заработи милион долари.
Тој живее во Северна Ирска и отсекогаш сакал да го заобиколи светот, но никогаш немал пари за тоа. Еднаш одлучил да не дозволи недостатокот на пари да му стои на патот, па успеал да прошета во 152 земји и да заработи милион долари за три години.
Џон прво дипломирал на економски факултет, па поминал едно лето во американски камп за деца со посебни потреби, каде успеал да заработи доволно пари за да купи карта до Тајванд во еден правц.
Таму тој лесно се снашол. Почнал да подучува англиски и да пишува блог „OneStep4Ward", иако немал искуство за тоа.
Наскоро тој започнал да заработува до 4000 фунти месечно, а посетеноста на сајтот растела, па ја основал компанијата „Step4Ward Media", која сега поседува околу 200 сајтови.
Џон патувал секаде, во Етиопија, во Перу, летал со параглајдер на Хималаи.
Лудиот Ирец моментално се наоѓа во Намбија, а планира да ја посети секоја земја во светот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа