Мислел дека отокот е од комарец - му порасна рог на вратот

Србин отишол на болница со големи болки во вратот, а кога виделе докторите за што станува збор останале шокирани.

Србинот на вратот имал израсток, што личи на рог, со должина од 12 сантиметри и дебелина од 2,5 сантиметри.

„Сме виделе рогови на чело и за нив сме чуле. Но рог на вратот е реткост во медицината. Толку беше голем што може да влезе во Гинисовата книга на рекорди“, објасни докторот Вукоје Новак за српски портал.

Овој Србин живеел со рогот две години. На почетокот тоа бил мал израсток, па убедувајќи се себе си дека нешто го каснало, не посетил доктор. Бидејќи не можел да живее нормално, израстокот го прикривал со шал и со марами.

За среќа, иако вадењето на рогот била ризична интервенција, неговата операција завршила успешно.

 

 

Оцени ја веста

17.08.2015 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега