Се бараат работници - плата 17 евра на час

 

Во Данска зголемената стапка на невработеност која изнесува 2 отсто не ги спречува данските компании да вработуваат нови работници од Европа. Само минатата година околу 10.000 нови работници од сиромашните држави во Европа добиле работа во Данска. Според истражувањата, 900 компании повеќе сакаат да вработат странски работници, отколку домашни.

Инаку, странските работници работат за дневница од 17 евра на час, но не секој странски работник зема иста плата бидејќи за пример Украинците кои работат во Данска земаат просечна плата од 1.900 евра, Романците 1.800, додека Бугарите земаат во просек под 1.300 евра.

Најголем број странски работници во Данска работат во угостителството, градежништвото, земјоделството и услужните дејности.

ФОТО: Кајгана

најчитано сега