Драма во скопска болница: Семејството барало помош за болниот - го заборавиле дома

Семејство влетало во Ургентен центар во болницата 8-ми септември во Скопје, а болниот го заборавиле дома.

Како што пренесува порталот zdravstvo24.mk, несекојдневната случка се случила неодамна за време на дежурство во ноќните часови. Цело семејство на болниот влетало во Ургентниот центар, барајќи помош. Браќа, сестри, баби, дедовци, стрини и чичковци викале дека човекот има срцев удар и дека едната страна од лицето му се искривила. Вработените се обиделе да ги смират, но кога требало да го примат пациентот, него го немало.

Роднините почнале меѓу себе да се прашуваат каде е, за на крај да сватат дека го заборавиле дома и тоа сам. Сите брзале за навреме да стигнат до болница, но не го донеле пациентот на кого му требала лекарска помош. На крајот се се завршило како што треба, но вработените кои таа ноќ дежурале уште долго ќе го паметат овој несекојдневен настан. Велат често имаат притисоци од роднини за итен прием и тоа за банални работи, но не им се случило некој да го заборави пациентот дома, прнесе порталот zdravstvo24.mk.

 

 

Оцени ја веста

14.08.2015 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега