Планирајте го викендот - еве какво време не очекува утре
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјава и во планинските региони.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 20 до 37 степени.
Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.
За време на викендот во попладневните часови ќе има локални поројни врнежи од дожд и појава на грмежи.
Во недела нестабилноста ќе биде поизразена и ќе се задржи во текот на ноќта, како и во понеделник. Наместа ќе има пообилни врнежи од дожд, посилни електрични празнења и повремено засилен ветер, понекаде во форма на невреме и појава на град.
Во почетокот на наредната седмица дневните температури ќе опаднат за околу четири степени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа