И братот на Томислав Салопек се огласи по ужасот

Драмата на овој Хрват започна уште на 22. јули го киднапираа откако се враќаше од оазата Бахарија, која се наоѓа околу 400 километри од Каиро, на местото кое често летуваат туристите. 

Повеќедневната агонија беше завршена откако пред два дена без мислост беше обезглавен од страна на ИСИС кои тие објавија аудио снимка на која тврдат дека го убиле Томислав Салопек, ден претходно објавија фотографија од неговото обезглавување. 

Во текот на потрагата успеале да го пронајдат братот на Томислав Салопек.

Вели дека не очекувал дека некој од медиумите ќе му се јават, за кафе.ба овој човек објаснил како од киднапирањето па до погубувањето на Томисалв го пратил целиот тој ужасен процес. 

Тој додава дека целото семејство поминало низ агонијата додека не се знаело каква судбина го чека Томислав.

- Томисалв и понатаму ми е роднина, потекнуваме од исто место. Навистина е ужасно тоа што се случи, човекот настрада ни крив ни дужен, објаснил братот 

Екипата на Кафе.ба го прашува братот на Томислав дали по погубувањето на неговиот брат се чувстува безбеден?

- Немам прична и од ништо не се плашам, јас живеам во Белград кој го сметам за еден од најбезбедните градови, кратко и јасно искоментирал братот на Томислав. 

 

 

 

 

Оцени ја веста

14.08.2015 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега