Владата на Јужна Африка демантира: Мандела не е во вегетативна состојба!
Владата на Јужна Африка ги демантира информациите дека поранешниот претседател Нелсон Мандела од минатата недела се одржува во живот само со помош на апарати.
- Мандела е во критична, но стабилна состојба, велат од Владата на Јужна Африка.
- Екипи од лекари, медицински сестри и други професионалци се грижат за Мандела 24 часа дневно. Го потврдуваме претходното соопштение од вчера попладне, објавено по посетата на претседателот Џејкоб Зума на болницата, нагласи Владата, која веќе десет дена го користи тереминот „критична, но стабилна состојба“ за опишување на здравствената состојба на херојот од борбата против апартхејдот, без да изнесе повеќе детали.
Инаку, светските медиуми пренесоа дека Мандела во живот се одржува само со помош на апарати, а неговото семејство размислува Мандела да биде исклучен од истите.