13-годишно дете моли од болница: Немојте да го погребувате бато без мене

Братот на Зоран (10) и внук на Недељко Машиќ (63) од Суботица, кои настрадаа во  сообраќајната несреќа кај Пеќинци, не дозволува тие да бидат погребани додека тој не излезе од болница.

13-годишнотот момче М.М кое успеа да ја преживеа ужасната сообраќајна несреќа ги моли својот татко Предраг и својот дедо Илија да не ги испраќаат во вечното почивалиште додека не излезе од болница, но за оваа одлука сепак ќе одлучи лекарскиот тим.

-Незнам кога ќе биде погребот и дали ќе можеме да го одложиме за да може да присуствува постариот внук. Се уште не се опорави од смртта на мајката која пред половина година почина од накцер во 42 година. Во болница ми се уште двајца внуци од осум и десет години, синови на мојата ќерка Маријана Чучковиќ, која исто така е повредена, вели Илија Машиќ од Суботица.

За потсетување, Семејството Машиќ настрада при враќање од родното место Подум кај Оточац во Хрватска, кога возачот на комбито Драгослав Наранчиќ (54) удри во расипан шлепер.

Во болница, во тешка состојба се неговата сопруга (54) и шестгодишна ќеркичка

 

 

Оцени ја веста

14.08.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега