Сноуден нема да добие азил ни од Франција

 

Франција одлучи дека нема да му даде политички азил на поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден.

- Франција, како и многу други земји, преку својата амбасада во Москва доби од Сноуден молба за добивање политички азил, соопшти Министерството за надворешни работи на Франција.

- Имајќи ги предвид правните аспекти на прашањето и на ситуацијата, во која се наоѓа подносителот на барањето, Париз нема да презема чекори за негово исполнување,се додава во соопштението.

најчитано сега