Пронајден столб во морето недалеку од Сицилија - дело од вонземјански град

Мистериозен столб пронајден недалеку од брегот на Сицилија, а се претпоставува дека е стар преку 10.000 години, и дека е невозможно да го создала човечка рака.

Теоретичарот на завери Скот Воринг тврди дека тој столб припаѓал на Атлантида, за која исто така верува дека бил вонземјански град.

„Столбот од 15 тони со механички избушени дупки е доказ дека интелегентно суштество се појавило на Земјата. Ова се изградило многу пред да луѓето ги создадат орудијата за работа. Дури и денеска е тешко да се помрдне еден ваков столб.
Токму затоа претпоставувам дека ова е остаток од потопениот вонземјански град“, вели тој.

На столбот се наоѓаат три дупки со различни размери, а се верува дека е стар преку 10,000 години. Експертите од Универзитетот во Тел Авив сметаат дека ова е доказ дека претходните култури биле понапредни отколку што мислиме.

 

„Ваков столб дефинитивно открива голем труд и важни вештини во инжинерството. Веројатно тоа била една од иновациите на мезолитската култура“, вели Бен-Аврахам.

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега