За една година 35.000 насилни дејствија во Париз

За една година во Париз се регистрирани 35.000 насилни дејствија, односно во просек дневно има 500 повреди на добра (кражби, оштетувања... и околу 100 физички напади). Властите исто така регистрираа просечно 80 кражби на улица и 25 кражби во станови или објекти, пренесува дописникот на МИА.

Последните статистики на деликвенцијата во Париз ги објави дневниот весник „Фигаро“, изработени од страна на Националната опсерваторија за деликвенција и казнени одговори.

Според податоците на опсерваторијата, од јули 2014 до јуни 2015 имало 178.425 повреди на добра, односно плус 0,3 отсто, 14.929 физички напади 15 отсто намерни физички напади 35.356 или 0,1 отсто и 29.848 кражби на улица, односно два отсто. На последното насилство на кражби на улица се изложени пред се туристите, кои се најранливите на париските улици.

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега