Туристи преживеале пекол во турски хотел

Вработените решиле несолено да се пошегуваат со туристите кои летувале во луксузен хотел на турското крајбрежје во Исмелер кај Мармарис.

Тие облечени во арапски алишта, со пластични пушки и пиштоли и канти со „бензин“, им влетале на туристите кои лежеле покрај базенот.

Она што го правеле била симулација на терористички напад од страна ИСИС.

Најпрвин зочнале да викаат, а еден Британец и го потуриле со „бензин“ закајнувајќи се дека ќе го запалат. Останатите преплашени, со врисоци бегале обидувајќи се да се спасат.

Туристите, поголемиот број од нив Британци, уште повеќе биле шокирани кога вработените им објасниле дека ова е дел од забавната понуда на хотелот.

-Како можеа тоа да ни го направат? После се што се случи во Тунис, каде што загинаа десетина наши сонародници. Дали се нормални, прашува еден од туристите за британските медиуми.

Инаку, оваа безобразна шега доаѓа само 6 недели по терористичкиот напад на плажата во Тунис.

ИЗВОР: КУРИР

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега