Експертите се огласија: Дали убиениот маж е Томислав?

Хрватските експерти истражуваат дали Томислав Салопек, Хрватот кој беше заробен во Египет е навистина убиен и како може да се утврди вистинитоста на фотографиите. Британскиот ББС наведува дека е речиси невозможно да се утврди дали на фотографијата се наоѓа навистина Томислав.  Велат дека не може да се спомене ни една земја која добива тело на убиен маж во друга држава.

Експертите наведуваат дека кога не може да се земе ДНК од настраданиот, се користат визуелни докази за да се утврди идентитетот. Пред една недела Џихадистите објавија видео на Јутјуб на кое маж седи до нив, а е идентификуван како Томислав Салопек. Потоа, е објавена фотографија со обезглавен маж. Според тоа нема причина да се мисли дека доказите се лажни и дека тоа не е Томислав.

- Многу снимки до сега се покажаа како веродостојни, тие убиваат луѓе, велат експертите.

Инаку, се огласии сопругата и таткото на Томислав. Тие веруваат дека тој е жив и велат дека не ја губат надежта.

 

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега